видео надзор

август 5, 2014 од во категоријата производи with 0 and 2
Home > Новости > производи > видео надзор

Повеќе од 13 милијарди долари во вредност на стока се украдени од трговците на мало секоја година. Тоа е повеќе од 35 милиони долари дневно.

Ако порано видео надзорот беше достапен само за големите компании и банките или претставуваше придобивка за обезбедување на имотот на богатите луѓе, денес видео надзорот е достапен и повеќе од потребен за сите оние кои сакаат да го заштитат својот деловен простор, да го обезбедат својот личен имот како и да овозможат сигурност на своето семејство и вработените.

Самата потреба од надзор врз сопственоста и луѓето, ја наметнаа потребата од видео надзор кој е во функција на набљудување на моменталната состојба или прегледување на снимките од неколку денови наназад, а со напредокот на дигиталната технологија се отворија многу можности за достапност и олеснет пристап на контрола и прегледување на снимките од вашиот видео надзор.

За таа цел, ЕСКОН ИНЖЕНЕРИНГ, имајќи ги во предвид пред се вашите потреби, ви нуди комплетно решение за видео надзор како и поддршка, на вашиот деловен простор, личниот имот како и домот со високо квалитетни аналогни и IP камери кои нудат поголема резолуција, подобар квалитет на сниманиот материјал како и можност за долготрајно зачувување и обезбедување на сниманиот материјал.
ЕСКОН ИНЖЕНЕРИНГ располага со техника за видео надзор од познатите производители на камери и дигитални видео рекордери, како што се Panasonic, Samsung, Hikvision, CNB и други.

Имајте пристап до вашиот видео надзор преку компјутер или мобилен телефон, едноставно со конекција на интернет можете да го набљудувате во живо деловниот простор или домот. Имајте пристап до видео надзорот, без разлика каде се наоѓате, ЕСКОН ИНЖЕНЕРИНГ ви го овозможува тоа и многу повеќе.

Сите права се задржани ЕСКОН-ИНЖЕНЕРИНГ