За нас

Home > За нас

ЗА НАС

Кратка биографија

ЕСКОН-ИНЖЕНЕРИНГ е нова компанија која се занимава со услуги и продажба на материјали од областа на електро технологијата.

Формирана е на 06.09.2010 година.

Главни приоритети кога решивме да ја формираме компанијата беа:

  • Пополнување на недостатоците на достава на електрични материјали
  • Комплетна понуда на опрема и елементи
  • Техничка подршка на опремата и начините на експлоатација на истата
  • Пост продажен процес на подршка, гаранција и одржување на проектите

Модел

Формирање на стабилен ланец на набавка и испорака на материјали од електро индустријата, како и пружање на техничка поддршка и помош за нашите клиенти преку изработка на документација и тестирање.

Нашиот модел на активно учество во проектите на нашите клиенти преку понуда на решенија, избор и совети околу опремата од нашиот асортиман уште на почетокот ни дава право да веруваме дека ваквиот начин на комерција е она што недостига на пазарот.

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

Правна форма

Име ЕСКОН-ИНЖЕНЕРИНГ
Полно име ЕСКОН-ИНЖЕНЕРИНГ Д.О.О.Е.Л увоз-извоз
Основна дејност Изработка на јакострујни и слабострујни инсталации, изработка на системи за интегрирано управување и продажба на електро материјали и електро опрема
Форма на организација Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице (Д.О.О.Е.Л)
Основач Ивица Димитријев

ИНФОРМАЦИИ

ЕДБ МК4027010512433
Жиро сметки
Охридска банка 530000101327734

Нашата мисија

Основни приоритети на компанијата се:

КВАЛИТЕТ

ЕСКОН-ИНЖЕНЕРИНГ се стреми кон воведување на стандардот за контрола на квалитет ISO 9001, преку идентификување на своите карактеристични процеси, започнувајќи од маркетинг до развој на производ, производство, продажба и техничка поддршка.

Ескон-Инженеринг се обврзува:

  • Квалитетот да биде наш императив во поглед на услугите кои им ги пружаме на нашите клиенти, електро материјалите кои ги користиме и производите кои ги нудиме на пазарот.
  • Да обезбедиме континуирано подобрување на производите и услугите кои ги нудиме, преку објективна анализа на податоци и преку изготување на годишни планови за подобрување.
  • Да се избегнат потенцијалните неефикасности кон клиентите, како и следење на известувањата и барањата.
  • Продажба на опрема со висок квалитет и од брендови зад кои можеме да застанеме – опрема со познато потекло, произведена според важечките прописи и која ќе ги даде очекуваните резултати.

ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ

Клучот за растот и успехот на ЕСКОН-ИНЖЕНЕРИНГ лежи во истражувањето и развојот кои имаат клучна улога во подобрувањето на услугите и производите кои им ги нудиме на клиентите.

Ова ќе го постигнеме преку следење и активно учество во промовирање на новите технологии за заштеда на електрична енергија, подолготрајна експлоатација на опремата и зачувување на околината.

ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

ЕСКОН-ИНЖЕНЕРИНГ е свесен дека зад секој негов успех стои трудот на неговите вработени. Нашата цел е да ги зајакнеме нашите човечки ресурси преку подобрување и зголемување на специфичните вештини на секој вработен, и на тој начин да создадеме мулти-талентиран тим кој ќе може успешно да одговори на сите предизвици на пазарот.

Сите права се задржани ЕСКОН-ИНЖЕНЕРИНГ