Што е контрола на пристап?
Системите за контрола на пристап овозможуваат управување со тоа кој, кога и каде може да влезе во вашиот објект. Од едноставни решенија со картички до биометриски системи – нудиме решение за секоја потреба.
Методи на идентификација
- RFID картички – Бесконтактни картички за брз и едноставен пристап
- PIN код – Тастатури за внес на лична шифра
- Биометрија – Отпечаток на прст, препознавање на лице, скенирање на ирис
- Мобилен пристап – Отворање со smartphone преку Bluetooth или NFC
- Комбинирано – Двофакторска автентикација за максимална безбедност
Типови на системи
- Standalone – Независни контролери за една или неколку врати
- Мрежни системи – Централизирано управување преку софтвер
- Cloud решенија – Управување од било каде преку интернет
- Интегрирани – Поврзување со видео надзор, аларми, лифтови
Каде се применува?
- Влезови во згради и канцеларии
- Сервер соби и дата центри
- Магацини и производствени хали
- Паркинг системи и рампи
- Хотелски соби
- Станбени комплекси
- Лифтови и ограничени зони
Функционалности
- Дефинирање на временски зони за пристап
- Групирање на корисници по нивоа на пристап
- Евиденција на сите влезови и излези
- Извештаи и анализи
- Интеграција со HR системи
- Аларми при неовластен обид за пристап
Зошто ЕСКОН?
Имаме искуство со инсталација на системи за контрола на пристап во објекти од различни големини и намени. Работиме со водечки брендови и нудиме комплетна услуга – од проектирање до одржување.