РЕФЕРЕНТЕН ПРОЕКТ
Loxone + DALI + KNX: Интеграција на 350+ светилки во Event Hall
Комплетна автоматизација на осветлување, сценско DMX светло и климатизација во луксузен хотелски комплекс – сè контролирано од еден систем.

Предизвикот
Модерен хотелски Event Hall бара флексибилност – од конференции и свадби до концерти и гала вечери. Секој настан има различни барања за осветлување, температура и атмосфера.
Event Hall
Главна сала со над 300 DALI светилки, DMX сценско осветлување и целосна климатизација по зони.
VIP Room
Ексклузивна просторија со индивидуална контрола на светло и температура за приватни настани.
Коридори и технички
Автоматско осветлување по распоред и присуство, енергетски ефикасно работење 24/7.
Нашето решение
Интеграција на три протоколи во еден унифициран систем
DALI осветлување
Над 350 светилки контролирани преку DALI протокол со Meanwell драјвери. Индивидуална адресабилност, димирање 0-100%, групирање по зони.
KNX димери
EAE KNX димери за декоративно осветлување и ѕидни светилки. Беспрекорна интеграција со останатиот систем преку Loxone KNX Extension.
DMX сценско
Професионално сценско осветлување за настани – moving heads, LED пари, ефекти. Синхронизирано со музика и програмирани шоу сцени.
Системска архитектура
Како Loxone ги поврзува сите протоколи во единствен систем
Брендови и технологии
Професионална опрема од водечки производители
Loxone
Централна автоматизација
- Miniserver – мозокот на системот
- DALI Extension
- KNX Extension
- DMX Extension
- Relay Extension
EAE
KNX компоненти
- KNX димери за осветлување
- KNX IO модули
- Актуатори и сензори
Eelectron
KNX интерфејси
- Touch термостати
- KNX IO модули
- Контрола на температура
MeanWell
DALI напојувања
- DALI драјвери за LED
- Напојување за 350+ светилки
- Висока ефикасност
Светлосни сцени
Еден клик – целосна трансформација на просторот
🎤
Конференција
Целосно осветлување, фокус на бина, оптимална температура
💒
Свадба
Романтична атмосфера, топло димирано светло, акцент на младенците
🎉
Журка
DMX ефекти, динамични бои, синхронизација со музика
🍽️
Гала вечера
Елегантно амбиентално светло, акцент на маси, пригушена музика
Планирате сличен проект?
Како Loxone Silver Partner, имаме искуство со комплексни интеграции на DALI, KNX и DMX системи. Контактирајте не за консултација.