За позицијата
Бараме амбициозен електро инженер кој ќе биде одговорен за техничка координација и надзор на изведба на проекти. Ќе работите на комплексни проекти вклучувајќи индустриски објекти, хотели, деловни згради и станбени комплекси.
Одговорности
- Техничка подготовка и планирање на изведба
- Координација на работни тимови на терен
- Надзор на квалитет на изведба
- Комуникација со клиенти и подизведувачи
- Решавање на технички проблеми на лице место
- Подготовка на извештаи за напредок на проекти
- Примопредавање на завршени проекти
Барања
- Дипломиран електро инженер (ВСС или магистер)
- Минимум 3 години искуство во изведба
- Познавање на AutoCAD и MS Office
- Одлично познавање на стандарди и прописи
- Возачка дозвола Б категорија
- Одлични комуникациски и организациски вештини
- Способност за работа под притисок
Што нудиме
- Атрактивна плата според искуство и способности
- Службено возило
- Можност за напредување во кариерата
- Работа на престижни проекти
- Континуирани обуки и сертификати
- Динамична и професионална работна средина