Назад кон сите позиции Изведба

Електро инсталатер

Локација
Струмица
Тип
Полно работно време
Оддел
Изведба

За позицијата

Бараме вешт и одговорен електро инсталатер за изведба на електрични инсталации во новоградби и реконструкции. Работата вклучува инсталација на сите видови електрични системи во станбени, деловни и индустриски објекти.

Одговорности

  • Поставување на електрични инсталации (јака и слаба струја)
  • Монтажа на разводни табли и заштитна опрема
  • Инсталација на осветлување и приклучоци
  • Каблирање според проектна документација
  • Поврзување и тестирање на инсталации
  • Читање и разбирање на електрични шеми
  • Почитување на безбедносни стандарди

Барања

  • Завршено средно стручно образование – електротехника
  • Работно искуство како електро инсталатер
  • Познавање на прописи за електрични инсталации
  • Способност за читање на техничка документација
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Физичка подготвеност за работа на терен
  • Одговорен и прецизен пристап кон работата

Што нудиме

  • Редовна исплата на плата
  • Дневници за работа надвор од Струмица
  • Можност за прекувремена работа
  • Алат и заштитна опрема
  • Обуки за нови технологии и системи
  • Сигурно работно место во стабилна компанија

Аплицирај сега

Испрати го твоето CV и мотивационо писмо на:

Испрати CV

Сподели позиција

Други позиции

Електро инженер за изведба

Изведба

Електротехничар

Изведба

Електро инженер – Проектен менаџер

Проектирање