Мисија

Home > Мисија

Нашата мисија

Основни приоритети на компанијата се:

КВАЛИТЕТ

Ескон-Инженеринг се стреми кон воведување на стандардот за контрола на квалитет ISO 9001, преку идентификување на своите карактеристични процеси, започнувајќи од маркетинг до развој на производ, производство, продажба и техничка поддршка.

Ескон-Инженеринг се обврзува:

  • Квалитетот да биде наш императив во поглед на услугите кои им ги пружаме на нашите клиенти, електро материјалите кои ги користиме и производите кои ги нудиме на пазарот.
  • Да обезбедиме континуирано подобрување на производите и услугите кои ги нудиме, преку објективна анализа на податоци и преку изготување на годишни планови за подобрување.
  • Да се избегнат потенцијалните неефикасности кон клиентите, како и следење на известувањата и барањата.
  • Продажба на опрема со висок квалитет и од брендови зад кои можеме да застанеме – опрема со познато потекло, произведена според важечките прописи и која ќе ги даде очекуваните резултати.

ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ

Клучот за растот и успехот на Ескон-Инженеринг лежи во истражувањето и развојот кои имаат клучна улога во подобрувањето на услугите и производите кои им ги нудиме на клиентите.

Ова ќе го постигнеме преку следење и активно учество во промовирање на новите технологии за заштеда на електрична енергија, подолготрајна експлоатација на опремата и зачувување на околината.

ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Ескон-Инженеринг е свесен дека зад секој негов успех стои трудот на неговите вработени. Нашата цел е да ги зајакнеме нашите човечки ресурси преку подобрување и зголемување на специфичните вештини на секој вработен, и на тој начин да создадеме мулти-талентиран тим кој ќе може успешно да одговори на сите предизвици на пазарот.

Сите права се задржани ЕСКОН-ИНЖЕНЕРИНГ